Врски на иднината

This post is also available in: English Slovenian French Spanish German Portuguese, Brazil Russian Hebrew Croatian Italian Japanese Turkish Czech Romanian Greek Indonesian

Дали сте во потрага по совршениот партнер? Дали го барате Вашиот еден и единствен низ сите времиња, простори, реалности, димензии….?

Што е врска? Дали сакате да се отворите кон поинаков простор на создавање, отелотворување и негување преку неверојатниот начин на заедништво?

Што знаете за тоа? За заедништвото, за врските? Што доколку тоа е поврзано со интимноста, ранливоста, допуштањето, љубопитноста и уникатноста на сите луѓе кои се вклучени? Што ако не мора да се раководите по какви било правила, форми и модели? Што можете да си потврдите и да се славите себе си и сите останати луѓе кои се вклучени во тоа?

И што доколку сите Ваши врски можат да бидат креирани на тој начин? Со Вашата фамилија, пријатели, соработници и колеги…?
На овој online семинар, Харис Ве поканува да откриете што врските можат да бидат од една потполно нова гледна точка, како може да создадете врски на иднината и да уживате во нив. Сладост, простор, нежност, радост и леснотија се достапни, дали ќе ги одберете и ќе создадете повеќе?

Харис Омановиќ е сертифициран фасцилитатор и предавач за Access Consciousness®. Тој ги фасцилитира 4-ри дневниот Фундаметален семинар (The Foundation), 3-ри дневниот семинар за Телесни процеси (Body Procesess) и Напредниот семинар за „Радост на бизнисот“ (Joy of Business) насекаде низ светот.
Добредојдовте во слаткото, радосно и инспиративно живеење кое знаете дека е возможно.

Овој семинар се води на Англиски јазик и може да биде преведен и на Македонски јазик. МОЖЕМЕ ДА ОБЕЗБЕДИМЕ ПРЕВОД доколку има барем 1 регистриран учесник кој при регистрација бира превод на Македонски јазик најдоцна 48 часа пред семинарот. Ве молиме да проверите со нашиот тим на преведувачи дали може да се обезбеди превод на Вашиот јазик пред да се регистрирате.

Цена:
35€

Можете да се РЕГИСТРИРАТЕ и да ПЛАТИТЕ со пополнување на формуларот за пријавување. Штом Вашата регистрација и уплата се потврдат ќе добиете линк кој води до платформата за семинарот на Вашата електронска адреса. Ве молиме да ги проверите и промотивните и „spam“ сандачиња доколку по регистрацијата не добиете повратна порака во „inbox“ сандачето. Бидете внимателни кога ќе ја пополнувате апликацијата и проверете ја точноста на Вашата електронска адреса. Со пополнување на Вашите лични податоци во формуларот за регистрација, се согласувате дека сте запознаени со нашите правила за чување и заштита на лични податоци.

Date

Фев 12 2020

Cost

35€
Haris Omanovic

FACILITATOR

Haris Omanovic
Phone
+38640504127
Email
[email protected]
QR Code

Upcomming Events

No event found!

TOP